Утрински Весник
Магазин

Братот на принцезата Дијана за Кејт Мидлтон: Загрижен сум што се случило

1920984a 7f4e 41dd 8113 81a61874f94a.jpg

Чарлс Ерл Спенсер, братот на принцезата Дијана, во интервју за Би-Би-Си изјави дека смета дека медиумското внимание што го претрпе неговата сестра е многу поопасно од вниманието што сега го добива Кејт Мидлтон.

„Ако погледнете наназад на 1997 година и смртта на Дијана, мислам дека тоа беше многу шокантно. Околностите на нејзината смрт беа толку шокантни што ги натераа папараците навистина повнимателно да размислат за тоа што можат, а што не смеат“, рекол Чарлс.

Сепак, тој рече дека е „загрижен за тоа што се случило со вистината“ поради многуте теории на заговор околу актуелната принцеза од Велс.

Сите се прашуваат што се случува во британското кралско семејство. Имено, Кејт Мидлтон не била видена и слушната од нејзиниот најблизок персонал, пишува US Weekly. Последниот нормален момент во јавност го имаше на Божиќ, по што беше оперирана на абдоменот во средината на јануари.

Пред една недела таа објави фотографија со своите деца за да им го честита Денот на мајката на сите мајки во Велика Британија. Наскоро, обожавателите на кралското семејство заклучија дека сликата е монтирана во фотошоп и се пронајдени еден куп грешки.

Светските медиумски агенции Асошиетед Прес (АП), Ројтрс, Гети имиџис и Франс Прес (АФП) објавија известување дека повеќе не ја користат фотографијата и ја повлекоа, наведувајќи ја загриженоста дека фотографијата е „манипулирана“.

Никој не знае што всушност се случува со принцезата, а на интернет кружат бројни теории на заговор.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста