Утрински Весник
Спорт

Братот на Џака: Ќе се обидат да ги испровоцираат Гранит и Шаќири

Братот на Џака: Ќе се обидат да ги испровоцираат Гранит и Шаќири

Фудбалскiите репрезентации на Србија и Швајцарија, во петок ќе го одиграат решавачкиот натпревар за пласман во осминафиналето на СП во Катар.

dobivaj vesti na viber

Како и секогаш, многу прашина се крева кога се среќаваат овие две репрезентации, а пред овој натпревар за швајцарските медиуми зборуваше и братот на Гранит Џака, Таулант.

„Искрено, не бев среќен по ждрепката поради сите тие емоции и целото минато со Гранит. Но, ние разговаравме за тоа долго време, многу долго. Му реков: „Без разлика што ќе се случи на натпреварот, дали ќе постигне гол или ќе загуби, само останете смирени и играјте ја вашата игра“. На крајот на денот, ова е фудбалски натпревар, а не политика“, изјави Таулант, кој долго време играше за репрезентацијата на Албанија.

Тој истакна дека очекува провокации од српските медиуми.

„Српските фудбалери не се проблемот, иако прашање е колку ќе бидат наелектризирани. Се сомневам дека српските медиуми повторно ќе се обидат да кренат тензија. Да се обидат да го испровоцираат Гранит или Џердан Шаќири. Мора да бидат подготвени за тоа, мора да бидат опуштени, изјави Таулант Џака.

На минатото Светско првенство, Швајцарија ја победи Србија со 2.1 и ја елиминираше во групата. Тензија грена токму Џака со прославата на голот за победа.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина