
Со извлекување на двојките во ФФМ денеска беа одреди двојките за четвртфиналните дуелот од Куп натпреварувањето, како и потенцијалните полуфиналиња. Бранителот на Купот Вардар за противник ја доби екипата на Охрид, додека Струга Трим Лум за ривал ја доби Шкендија Тетово.
Шкендија Арачиново во четвртфиналето ќе игра против Работнички, а второлигашот Детонит Плачковица е домаќин на Силекс.
Одредени беа и потенцијалните полуфиналиња. Во првото полуфинале ќе играат Вардар / Охрид – Детонит / Силекс, додека во второто полуфинале ќе играат: Струга ТЛ / Шкендија Тетово – Шкендија Арачиново / Работнички.
Четвртфиналните дуели се на програмата на 25. февруари, а доколку дуелот заврши нерешено ќе се изведуваат пенали.


