Утрински Весник
Свет

Бранителите на Азовстал се вратија од Турција во Украина со Зеленски

Бранителите на Азовстал се вратија од Турција во Украина со Зеленски

Офицерите кои ја бранеа фабриката Азовстал во Мариупол се вратија дома од Турција, каде што престојуваа по размената на затвореници меѓу Украина и Русија, соопштија денеска од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

За време на посетата на Турција, Зеленски се сретна со овие офицери и ги врати со себе во Украина.

Тој во Турција се сретна со претседателот  на Турција Реџеп Таип Ердоган и со вселенскиот патријарх Вартоломеј, пренесува Киев Индипендент.

Меѓу бранителите се Денис Прокопенко, Сергеј Волински, Свјатослав Паламар, Денис Шлеха и Олех Хоменко, рече Зеленски.

Претходно се очекуваше тие да останат во Турција до крајот на руската војна против Украина.

Можете да прочитате

Протест пред Амбасадата на САД во Хавана за укинување на ембаргото за нафта

Трамп ја разреши министерката за правда и државна обвинителка Бонди

Земјите од Персиски Залив бараат одобрување од ОН со сила да ја ослободат Ормуска Теснина за пловидба