Утрински Весник
Спорт

Брајтон го купи најталентираниот европски голман

Брајтон го купи најталентираниот европски голман
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фудбалскиот клуб Брајтон го потврди трансферот на најталентираноот голман во Европа , Барт Вербруген (20). андерлехт од трансферот на Вербруген заработи 20 милиони евра. Ова е трета најголема продажба во историјата на Андерлехт и најскап голмански трансфер на сите времиња во Белгија.

dobivaj vesti na viber

Вербруген на 18. годишна возраст се пресели во Андерлехт и веднаш доби шанса да го чува голот на најславниот белгидки клуб.

Со оглед на тоа што Андерлехт со години бележи слаби резултати и не е во Лигата на шампионите, неопходна е продажба на млади играчи. Пред Вербруген, во последните две години беа продадени Алберт Самби Локонга во Арсенал (17.500.000), Серхио Гомез во Манчестер сити (13.000.000) и Жулиен Дуранвил во Дортмунд (8.500.000).

Вербруген прво го бараше Винсент Компани во Барнли, но Брајтон понуди повеќе пари. Во претходните години клубот од југот на Англија се профилираше како одлична средина за развој на млади таленти и не ја пропушти можноста да пазари во Белгија.

Трансферот на Вербруген значи дека 32.годдишноот Роберт Санчез ќе го напушти клубот. Вербруген за место во стратната постава ќе се бори со Џејсон Стил.

Можете да прочитате

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025