Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Божикен трипл-дабл на Никола Јокиќ

Божикен трипл-дабл на Никола Јокиќ
300x250 opst2

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ испиша историја со уште една брилијантна партија во НБА лигата, овој пат на православниот Божиќ.

dobivaj vesti na viber

Центарот на Денвер Нагетс забележа трипл-дабл со 28 поени, 15 скока и 10 асистенции во победата над Кливленд Кавалирс од 121:108.

Со тоа Јокиќ стана само четвртиот играч во историјата на најсилната лига во светот кој во шест различни сезони имаше двоцифрен број на трипл-дабл. Пред него тоа успеаја само Расел Вестбрук, Оскар Робертсон и Меџик Џонсон.

Јокиќ и овојпат шутираше брилијантно и имаше 10/17 од поле, од кои три шута беа погодени надвор од линијата од 7,24 метри.

Покрај Јокиќ кај Денвер се истакнаа и Џамал Мареј со 18 поени и Мајкл Портер Џуниор со 16 поени.

Во поразениот тим најмногу се истакна Леверт со 22 поени, додека Гарланд имаше 21 поен.



Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН