
Почестете се себеси и вашите најблиски, во овој посебен период, со овој многу едноставен но вкусен куглоф.
Состојки:
- 150 грама интегрално брашно
- 80 грама густин
- 50 грама мелени бадеми
- 1 прашок за пециво
- 150 грама шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 3 јајца
- 180 мл млеко
- 150 грама путер
- 80 грама суво грозје
Подготовка:
Измешајте го брашното и густинот, додадете ги мелените бадеми, прашокот за пециво, шеќерот и ванилата. Добро измешајте ги јајцата, млекото и стопениот путер и додадете ги во смесата од брашно. Додадете го сувото грозје во смесата и истурете ја во намастен калап за куглоф.Печете 40-45 минути (во зависност од обликот на калапот) во рерна претходно загреана на 180 °C.Извадете го печениот колач од калапот и оставете го да се олади. Посипете го куглофот со шеќер во прав, а можете и да го премачкате со чоколадна или бела глазура направена од шеќер во прав и сок од лимон. Уживајте!!



