Утрински Весник
Свет

Боројот на загинати во железничката несреќа во Грција се искачи на 47: „Најдовме згмечени луѓе во вагоните“

Боројот на загинати во железничката несреќа во Грција се искачи на 47: „Најдовме згмечени луѓе во вагоните“

Трагичниот биланс на загинатите од кобната несреќа со судир на возови во Лариса постојано расте бидејќи според најновото ажурирање на Цивилната заштита, лицата кои ги загубиле животите во Темпи изнесува 47.

dobivaj vesti na viber

Според последните информации, рано утрото спасувачите пронашле уште три тела во третиот вагон, но истрагата се уште не е завршена.

Портпаролот на Противпожарната бригада, Епипирагос Јоанис Артофиос, денеска за ЕРТ зборуваше за напредокот на истрагите и каде тие сега се фокусираат.

Акцијата за пребарување и извлекување во областа беше во тек цела ноќ, а истата продолжува и утрово кога спасувачките екипи ќе продолжат со акцијата меѓу вториот и третиот вагон на возот.

Она што го опиша портпаролот на противпожарната служба беше шокантно. „ Има луѓе во многу лоша состојба поради сударот и згмечувањето на двата вагони. Веќе ставивме во вреќи две тела”.

Тој додаде дека „оваа операција ќе продолжи се додека телата на загинатите не бидат дадени на нивните семејства. Засега не може да се каже колку луѓе има таму. Портпаролот наведе дека голем дел од патниците биле најдени згмечени во вагоните.

Додека во Темпи продолжува потрагата на спасувачките екипи, на местото на трагедијата има и луѓе кои чекаат чудо и се надеваат дека нивните најблиски ќе бидат пронајдени живи.

Околу местото на несреќата се подигнати шатори за подобро организирање на операцијата, пренесуваат грчките медиуми.

Можете да прочитате

Букурешт уништен од страотно невреме – ветрот корнеше дрвја, дождот направи реки од улиците (ФОТО/ВИДЕО)

Во Украина стигна првата група воени заробеници

Како почнаа судирите во Лос Анџелес?