Утрински Весник
Балкан

Борисов: На сите им е јасно дека ќе има нови избори

Borisov.jpg

Бугарија е веќе во состојба во која не се зборува за перспектива, стабилност, безбедност и цели“, изјави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на почетокот на Националната конференција на партијата.

„Вчера потпретседателката рече дека изборот на овој парламент е нелегитимен. Тоа значи дека според претседателската институција сите одлуки што се носат се нелегитимни. Тогаш зошто ние се собираме во понеделник да дадеме заклетва, зошто е даден овој ден и време? Тоа е во надлежност на претседателот да го свика Уставниот суд и да ги откаже изборите, а не да ги продолжи овие игри со делумните откажувања“, коментираше тој.

„На сите им е јасно дека ќе има нови избори. Сите партии се однесуваат како да се во предизборна кампања. Ова е последен обид од моја страна до понеделник да имаме помудра политичка класа“, рече Борисов.

По вонредните парламентарни избори на 27 октомври, ГЕРБ-СДС повторно е прва политичка сила и ќе има 69 пратеници во 51-от парламент. По гласањето, лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов изјави дека ќе вложи максимални напори за редовна влада со целосен мандат.

Можете да прочитате

Невреме во регионот – Гром усмрти околу 30 овци во БиХ, предизвикан и шумски пожар кај Макарска

Вучиќ најави дека изборната кампања ќе ја води со личниот автомобил

Ердоган: Турција никогаш нема да ги остави кипарските Турци сами во нивната праведна борба