Поранешниот германски тениски великан Борис Бекер му се заблагодари на светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ што го поддржал во текот на времето поминато во затвор, тврдејќи дека плачел во својата ќелија кога Србинот го освои Вимблдон минатото лето.
Претставувајќи го новиот документарец за неговите триумфи на теренот и неволјите надвор од теренот на филмскиот фестивал во Берлин, 55-годишникот рече дека неговиот поранешен ученик бил покрај него.
„Новак Ѓоковиќ стана член на семејството. Знаете дека имавме професионални односи долги години и се разделивме во 2016 година. Но, секогаш бевме блиски, а особено времето поминато во затворот – додека бев внатре, Новак ме поддржуваше, го поддржуваше моето семејство. Почнав да плачам кога тој почна да победува, изјави Бекер на прес-конференција.
Бекер помина 30 месеци во затвор во Британија поради кршење на правилата за банкрот со прикривање на имот од околу 3,1 милион долари за да избегне плаќање долгови.