Утрински Весник
Свет

Борел: Путин е одговорен за смртта на Алексеј Навални

1708258398 borel.webp.webp

Крајната одговорност за смртта на главниот руски опозициски лидер Алексеј Навални ја сносат рускиот претседател Владимир Путин и властите кои го уапсија, изјави денеска високиот комесар за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

Во соопштение што го објави Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), по повод одбележувањето четири години од труењето на руски опозиционер со нервен агенс, Борел изјави дека Русија треба да обезбеди непристрасна меѓународна соработка во истрагата за обидот за атентат.

– Обидот за атентат, потоа и враќањето на Навални во Русија, ја забрза спиралата на политички мотивирани мерки против него, што доведе до негова прерана и сè уште нецелосно истражена и разјаснета смрт во казнена колонија со високо обезбедување во февруари годинава, се наведува во соопштението.

Тој додаде дека ЕУ „нема да штеди напори да ги повика на одговорност руското политичко раководство и властите за постапувањето кон Алексеј Навални и другите политички затвореници“, потсетувајќи дека по труењето во 2020 година, и на 22 март годинава, ЕУ воведе санкции за лицата одговорни за тие дела

Можете да прочитате

Мелони утре во Милано ќе се сретне со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс

Полска најави нов пакет воена помош за Украина од 56 милиони долари

Трамп ги поддржа премиерката Такаичи и Орбан пред парламентарните избори во Јапонија и Унгарија