Утрински Весник
Свет

Борел: Неколку земји ќе ја признаат Палестина до крајот на мај

Palestina.jpg

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека неколку земји од Европската унија имаат намера да ја признаат Палестина како независна држава до крајот на мај.

„Се очекува неколку европски земји да ја признаат палестинската држава до крајот на мај“, рече Борел на маргините на специјалната сесија на Светскиот економски форум во Ријад, пренесува Ал Арабија.

Во исто време, шефот на дипломатијата на ЕУ не прецизираше за кои земји станува збор.

Израелското Министерство за надворешни работи ја нарече намерата на Шпанија да ја признае Палестина „награда за тероризмот“, што според него ќе ги намали шансите за дипломатско решение на конфликтот стар со генерации.

Во моментов, Палестина е призната како независна држава од 140 од 193 земји-членки на ОН, вклучувајќи ја и Русија.

Од европските земји, независноста на Палестина ја признаа Бугарија, Унгарија, Кипар, Малта, Полска, Романија, Словачка, Чешка и Шведска.

Во март, Шпанија, Ирска, Малта и Словенија објавија дека ќе работат заедно за да ја признаат палестинската држава.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години