Утрински Весник
Свет

Борел: Белград и Приштина постигнаа договор за документите

Борел: Белград и Приштина постигнаа договор за документите

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел изјави дека е постигнат договор за документите во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

dobivaj vesti na viber

Борел на Твитер објави дека Србија се согласила да ги укине документите за влез и излез на имателите на косовски документи, а дека Косово се согласило да не воведува такви документи за оние кои имаат српски лични карти.

„ Имаме договор. Како дел од дијалогот со поддршка на ЕУ, Србија се согласи да ги укине документите за влез/излез за имателите на косовски лични документи, а Косово се согласи да не ги воведува за имателите на српски лични карти“, нагласи Борел.

Тој додаде дека косовските Срби, како и сите други граѓани, ќе можат слободно да патуваат меѓу Косово и Србија користејќи ги нивните лични карти.

„ ЕУ штотуку доби гаранции од премиерот Курти за таа цел. Ова е европско решение. Им честитаме на двајцата лидери за оваа одлука и за нивното раководство“, напиша Борел.

Во денешното обраќање српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во фиока чува „седум документи за повлекување на признавањето на Косово“.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking