Утрински Весник
Македонија

Борбата продолжува сѐ до крајната цел, рудник нема да има, тврди активистот Велков за „Иловица“

Борбата продолжува сѐ до крајната цел, рудник нема да има, тврди активистот Велков за „Иловица“

Стојан Трн Велков,  активист кој протестираше со транспаренти и молк на градскиот плоштад во Струмица против рудникот Иловица – Штука, на својот фејсбук профил, порача дека доколку случајно во Општината се прекршат законските регулативи и се отвори рудник, ќе има соочување и со жителите, но и со општините на оваа територија.

dobivaj vesti na viber

„Доколку случајно решат да се дрзнат да ги прекршат законските регулативи и пробаат да отворат рудник овде, ќе се соочат и со жителите, но и со општините на оваа територија. Најавуваме масовна присутност на жители на следната седница на Совет на општина Струмица со цел да ги охрабриме советниците да ги изгласаат овие две точки: Предлог-одлука за мислење во врска со иницијативи за вршење на геолошки истражувања и експлоатација на металични минерални суровини и дали советниците во советот на општината се против отворање на рудникот за бакар и злато „Иловица“? А најбитно во овој миг е Владата да ги одземе концесиите и да стави крај на ова лудило. Борбата продолжува се’ до крајната цел: Рудник нема да има“, порача активистот Велков во својата објава.

Претходно премиерот Димитар Ковачевски изјави дека рудници во Струмичко нема да има, а партиите се скараа за тоа кој е крив за концесијата за рудникот во Иловица. Советот на Босилово едногласно изгласа „не“ за рудник.

Можете да прочитате

Во Гази Баба се подготвува бетонско чудовиште – барајте од кандидатите нотарска изјава дека нема да го поддржат проектот вели Арсовска

ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола

Каранфилова Пановска: ВМРО-ДПМНЕ не испорача никакви резултати, животниот стандард падна за 20%