Утрински Весник
Балкан

Бомба фрлена во домот на Здравко Чолиќ

Zdravko colic.jpg

Експлозивна направа била фрлена врз семејната куќа на балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ во елитната белградска населба Дедиње, објави српскиот портал Нова.рс.

Според информациите на агенцијата Танјуг, силната експлозија предизвикала значителна материјална штета на објектот, но за среќа, во инцидентот нема повредени лица.

На местото на настанот веднаш излегле полициски екипи, како и дежурен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Белград, кои вршат увид и собираат докази.

Првичните информации укажуваат дека најверојатно станува збор за рачна бомба, но точниот тип на експлозивната направа, како и мотивите за нападот, допрва ќе се утврдуваат во рамки на истрагата. Полицијата интензивно работи на идентификација на сторителот или сторителите на овој инцидент, кој предизвика силна вознемиреност во српската јавност.

Можете да прочитате

Протест на опозицијата во Тирана, учесниците фрлаа молотови коктели врз зградата на владата и други државни институции

Голоб победи на изборите, но без мнозинство – Словенија пред неизвесни коалициски преговори

Словенија го ограничи точењето на гориво