Утрински Весник
Свет

Болсонаро пуштен од болница во Флорида

Болсонаро ги повика приврзаниците да ги деблокираат патиштата

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е пуштен од болница во близина на Орландо, Флорида, каде што беше примен во понеделникот поради стомачни проблеми, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на неименуван извор близок до неговото семејство.

dobivaj vesti na viber

Болсонаро, кој замина за Флорида 48 часа пред крајот на мандатот, беше примен во болница еден ден откако стотици негови поддржувачи упаднаа во бразилскиот Конгрес, Врховниот суд и претседателската палата во Бразилија.

На Болсонаро му била укажана медицинска помош за болки во цревата, кои се поврзани со напад со нож врз него во 2018 година, за време на изборната кампања.

Неговиот лекар рече дека состојбата не е сериозна.

Болсонаро (67) не го призна поразот на тензичните избори и замина во САД пред да ја предаде функцијата на 1 јануари.

Десетици илјади приврзаници на Болсонаро упаднаа во зградите на Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата во неделата, а бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој не беше во Бразилија за време на немирите, го обвини Болсонаро за немирите и најави дека сите учесници ќе бидат казнети.

Можете да прочитате

Осумгодишно девојче и нејзиниот татко се тешко ранети во престрелка во Лондон

Путин забрани посвојување руски деца од граѓани на земји каде промената на полот е законски дозволена

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот