Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Болничарката која е заразена со конго-кримска хеморагична треска од денес го прима лекот „рибавирин“

Болничарката која е заразена со конго-кримска хеморагична треска од денес го прима лекот „рибавирин“
300x250 opst2

Болничарката од Клиниката за инфективни болести која се зарази со конго-кримска хеморагична треска од денеска почнува да го прима лекот „рибавирин“, а нејзината состојба е стабилна, изјави директорката на Инфективна, Милена Стевановиќ.

dobivaj vesti na viber

Се работи за антивирусен лек кој треба да ја намали моќта на вирусот. Стевановиќ вели дека ниту една земја нема ваков лек на залиха, па набавката се случува кога ќе се јават вакви случаи во одредени држави.

За пациентката од Штип која прва ја разви конго-кримска хеморагичната треска по убод од крлеж, Стевановиќ кажа дека и во случај да бил набавен лекот немало да и помогне, со оглед на тоа што болеста веќе била напредната во повеќе фази.

Заразената болничарка, минатиот месец ја негувала 27-годишната жена од Штипско, по што беше под надзор како контакт од среден ризик, а по девет дена пројави симптоми.

Од контактот со болничарката, издадени се решенија за изолација за уште 11 контакти, кои ќе бидат 14 дена под надзор.

Штипјанката и болничарката засега се единствените случаи во земјава кај кои што била потврдена конго-кримската хеморагична треска.

 

Можете да прочитате

Филипче од Велес: Борбата на СДСМ е за достоинствен живот на работниците, на младите и пензионерите

Родителите на починатите се сомневаат во обвинителниот акт, на обвинителот Коцевски му се обратија со повеќе барања

Мицкоски од Брвеница: На овие избори постојат две коалиции, едната СДС-ДУИ и Левица а другата опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата