Утрински Весник
Македонија

Болницата 8-ми Септември ќе се реновира со 12 милиони евра

Gradska Opsta Bolnica Osmi Septemvri 8.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

ГОБ 8-ми Септември ќе се реконструира и за тоа ќе се вложат 12 милиони евра од ТАВ проектот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Како што изјави Мицкоски, болницата ќе биде опремена по европски стандарди, со најсовремена апаратура. Ќе се реновираат неколку хируршки сали, но и кровот.


– Сега некој оперира, а одозгора му тече ако заврне. Малку е непристојно. За жал, никој тоа не го видел десетици години наназад. Ние тоа го видовме и благодарение на заедничката акција на министерот за здравство, министерот за транспорт, луѓето од ТАВ и директорот на „8-ми Септември“, завршивме сѐ. Се е и административно потврдено, поминато е на Влада и договорите се потпишани. Оваа недела очекувам медиумите да дознаат повеќе детали. Ќе имаме европски услови во таа здравствена установа. Неколку хируршки сали, мислам дека се седум, ќе бидат европски конкурентни, со најсовремена апаратура и стандарди, а истовремено ќе се реновира и реконструира кровот зашто протекува – информира Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на Општина Гази Баба.

Можете да прочитате

Мицкоски утре во работна посета на Кавадарци

Со концертот во Крива Паланка заврши празничниот караван „Нека трепка“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не одговори дали Филипче е со лидерот Заев во Гармиш-Партенкирхен