Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Болеста од која почина Халид Бешлиќ е подмолна и сурова: Симптомите се појавуваат многу години пред дијагнозата!

Halid beshlik.jpg
300x250 opst2

Халид Бешлиќ почина на 71 години од проблеми со црниот дроб, но всушност, главната причина бил ракот на мочниот меур. Прво бил сместен на одделението за нефрологија при Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, а потоа бил префрлен на Клиниката за онколошки пациенти, каде што продолжил со својата терапија.

Халид Бешлиќ имал долгогодишни здравствени проблеми, меѓу кои и дијабетес, проблеми со црниот дроб и бубрезите, за што му требале апарати за поддршка, како и последици од тешката сообраќајна несреќа во 2009 година, во која го изгубил окото и ги повредил белите дробови.


„Дијагнозата е црниот дроб. Дали тоа отишло и подалеку, не би судел. Докторите најмногу внимание му обрнуваат на црниот дроб – да функционира и да се смири тој дел“, открил неговиот менаџер пред неколку дена.

Симптоми на рак на мочниот меур
Ракот на мочниот меур е опасна болест, а смртноста е дури 50 отсто во случаите кога болеста нема да се открие навреме. Затоа, исклучително важно е да се препознаат симптомите навреме и да се отиде на лекар:

Крв во урината
Болка при мокрењето
Ненадејни нагони за мокрење
Потреба за почесто мокрење
Болка во карлицата
Болка во коските
Ненамерно губење тежина
Отекување на нозете

Најчестиот симптом на рак на мочниот меур е крв во урината. Од друга страна, болката при мокрењето, односно дисурија, која се опишува како чувство на пецкање при вршење мала нужда, не е многу вообичаен знак на рак на мочниот меур, но може да се случи и ако го забележите тоа, би требало да се посоветувате со лекар. Меѓу поретките симптоми се и ненадејните нагони или честата потреба за мокрење.

Други симптоми може да се појават ако канцерот се прошири, а тука спаѓаат болки во карлицата и коските, ненамерно и ненадејно слабеење, како и отекување на нозете.

Симптоми на рак на црниот дроб
Многу пациенти немаат речиси никакви симптоми кај примарниот канцер на црниот дроб. Примарниот канцер на црниот дроб најчести има исти клинички манифестации, а тие се:

Ненадејно губење килограми
Губење апетит
Болка во горниот дел на стомакот
Мачнина и повраќање
Жолтица
Отекување на стомакот
Бела столица

Можете да прочитате

Четири хороскопски знаци ѝ се враќаат на старата љубов оваа есен: Судбоносната средба само што не се случила

Време е за киселата зелка: Како да знаете колку сол е доволно?

Македонско ремек-дело: „Тигрите” во новиот патриотски филм на Ѓоко Јовиќ