Утрински Весник
Свет

Боинг донира еден милион долари за церемонијата на инаугурација на Доналд Трамп

20250110072025 Big 730x400 72.webp.webp

Американскиот производител на авиони Боинг донира еден милион долари за церемонијата на инаугурација на Доналд Трамп како претседател на САД, изјави портпаролот на компанијата.

Голем број големи американски компании, вклучувајќи ги Џенерал Моторс, Форд, Мајкрософт и Мета, исто така даваат донации за настанот на 20 јануари.


Досега Боинг донирал еден милион долари за последните три претседателски инаугурации, вклучувајќи ја и првата инаугурација на Трамп во 2017 година.

Во 2016 година, Трамп доби ветување од Боинг дека трошоците за развој на новиот претседателски авион, Ер Форс Уан, нема да надминат четири милијарди долари. Оттогаш, компанијата изгуби над два милијарди долари од значително одложената програма за испорака на два нови претседателски авиони од следната генерација.

Боинг е исто така под поблиска контрола од Федералната управа за авијација, една година откако големата плоча на вратата на авионот 737 MAX 9 се откина за време на летот. Подоцна било утврдено дека до несреќата дошло поради немање четири завртки.

Минатиот октомври Федералната управа за авијација објави нова ревизија на Боинг. Кандидатот за секретар за транспорт на Трамп, Шон Дафи, минатиот месец изјави дека сака да се погрижи Боинг да произведе безбедни авиони. 

Можете да прочитате

Украина и Словачка на работ на конфликт за гасот, Фицо му се заканува на Киев со мерки

Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп

Неверојатна сцена во Лос Анџелес: пожарот запре токму пред вилата на Том Хенкс