Утрински Весник
Македонија

Богоев: Со помош на Светска банка ја олеснуваме трговијата и ги намалуваме трошоците на бизнис заедниците во Западен Балкан

Img 20240207 Wa0006.jpg

Едношалтерскиот систем ќе се скрати времето и трошоците за бизнис заедницата, тоа ќе овозможи поголема конкурентност, компаниите ќе прават повеќе профит и ќе плаќаат повеќе даноци, а на тој начин ќе може да вработуваат повеќе луѓе што е главната цел на царинската управа, рече директорот на Царинската управа Стефан Богоев, на настанот за промоција на проектот за едношалтерски систем.

-Меѓусебната соработка и вклученоста на највисоко ниво е многу важна за остварување на суштинската цел на овој проект – а тоа е забрзување на транспортот и трговијата и забрзана интеграција во ЕУ. Со финансиска поддршка на Светска банка започнавме со активности за реализација на Проектот за забрзување на транспортот и трговијата на Западен Балкан чија цел е забрзана интеграција во ЕУ имплементацијата, а четири милиони долари се наменети за развој и имплементација на Национален едношалтерски систем, додаде Богоев.

Притоа се започнати активности за реализација на развојни проекти во вкупна вредност од 30 милиони евра, средства обезбедени од ЕУ, Светска банка и други меѓународни институции, а чии што бенефити ќе ги почувствуваат сите компании.

Како што посочи тој само во последните осум месеци, откако тој е на чело на Царинската управа, во анкета на Советот на странски инвеститори, оваа институција е посочена како орган од чија работа се најмногу задоволни, наплатата на приходи од царина во 2023 година е за 10,3 проценти повеќе од претходната, а од акцизи за 5 проценти, а бележи и 30 процентна ефикасност на заплени, како и 60 процентна ефикасност за кривични пријави

-Во 2023 година, вкупниот обем на трговската размена е 17,8 милијади евра, или во превод над 1,5 милиони декларации кои ги го обработила Царинската управа, тоа значи дека над еден милион камиони со стока влегле и излегле од државава. Исто така секој увоз и секој извоз се одвива врз основа на претходна дозвола која се издава преку EXIM системот, а секој секој влез и излез е контролиран од околу 700 царински службеници кои истовремено треба да овозможат побрз проток на легалната трговија, но истовремено да го спречат секој шверц и обид нелегална трговија, појасни Богоев.

Токму затоа според него новиот едношалтерски систем е целосно нов систем, а кој ќе го замени досегашниот EXIM систем, и ќе овозможи забрзан економски раст и развој на државата.

-Главните придобивки на Националниот едношалтерски систем се издавање дозволи за увоз, извоз и транзит „под еден покрив“, целосна дигитализација на процесите на плаќања, анализа на ризик за сите институции кои издаваат дозволи, размена на податоците со системот на Србија и Албанија, а понатаму и со останатите земји, како и унапредување на статистичките податоци и зголемување на транспарентноста, појасни Богоев.

Тоа што е важно за Богоев е реконструкцијата на патиштата и граничните премини, особено Ќафасан и Деве Баир, како и инсталацијата на камери бидејќи конечно мора да има поголема поддршка за оние кои работат чесно и по закон, но и соодветни казни за оние кои работат незаконски.

-Од таа причини многу сме благодарни што Македонија е една од трите земји заедно со Србија и Албанија коишто се вклучени во проектот на Светска банка за забрзување на транспортот и трговијата на Западен Балкан. Освен Националниот едношалтерски систем, проектот опфаќа и инсталација на видео камери и читачи на таблици на четириесет царински терминали гранични и внатрешни царински испостави на чија имплементација работиме уште од минатиот месец, рече Богоев.

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути