Утрински Весник
Македонија

Богоев: Со мерки за олеснување на трговијата до зголемување на конкурентноста на македонските компании

Bitola 1024x683.jpg

– Царинската управа како партнер на македонското стопанство е посветена на спроведување реформски политики што треба да овозможат забрзан раст на економијата и интеграција во единствениот пазар на ЕУ.  Денеска со „Симпекс“, домашна компанија за земјоделска и градежна механизација, со остварен увоз во 2023 од 1,2 милијарди денари, разговаравме за тековните активности што ги преземаме за олеснување и забрзување на трговијата, како и сузбивање на сивата економија, – истакна директорот на Царинска управа, Стефан Богоев, при посетата на „Симпекс“ во Битола.

„Царинската управа активно работи на подобрување на условите за водење бизнис, сузбивање на криминалот и корупцијата, но и собирање повеќе приходи во Буџетот, односно повеќе пари за инфраструктура, здравство и образование“, рече директорот на Царинска управа, Стефан Богоев при посетата на „Симпекс“ во Битола.

Континуираниот дијалог со македонските компании е во насока на креирање ефективни политики и мерки и подобрување на конкурентностa на меѓународните пазари.  

Компанијата „Симпекс“ поседува одобрение за царинско складирање и одобрение за овластен примач  што им овозможува поедноставено спроведување на транзитни постапки. 

Можете да прочитате

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ја презеде должноста

Жена удрена од електричен тротинет на автобуска постојка

Млад човек починал во стан во Скопје