Утрински Весник
Македонија

Богоев: Јас сум сведок како Мицкоски во 2020 година во кафуле во Лептокарија се фалеше дека ќе победи

Bogoev 3.png

Запрашан за коментар за анкетите што се лиферуваат во јавноста пред претстојните претседателски и парламентарни избори, потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во интервју за Телевизија 24 истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се фалела со анкети и на претходните избори во 2019 и 2020 година, но на крајот исходот бил различен од тоа што ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски го тврделе.

„Во 2020 година пред изборите се фалеа со анекти, Мицкоски во кафуле во Лептокарија, јас сум сведок, Мицкоски кога на маса со луѓе околу него велеше „еве победуваме, еве анкети“ и на крај, за два мандати повеќе, победи СДСМ и СДСМ формираше Влада и ден денеска, четири години од тогаш СДСМ е на власт. Исто беше и со Гордана Силјановска, велеа дека е тука некаде со Пендаровски, па вадеа некои про ВМРО анкети, каде Силјановска наводно води два или три процентни поени пред Пендаровски, на крајот, Пендаровски победи со над 60 илјади гласа разлика и еве го ден денеска е пртседател на државата“ порача Богоев.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег