Утрински Весник
Македонија

Богојевски разрешен од директорското место, но се шета во Њујорк од Еразмус!

Bogojeski 780x470 1.png

Иако на 24 јули 2025 година Петар Богојевски јавно објави дека поднесува оставка од директорската позиција во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – речиси еден месец подоцна тој не само што сè уште е на функцијата, туку патува и објавува фотографии од Њујорк, финансирани од европската програма Еразмус+.

Потсетуваме, Европската комисија испрати писмо до македонските власти со кое директно бара разрешување на Богојевски поради сериозни нерегуларности во работата на Агенцијата. Наместо итна реакција и именување нов директор, Владата предводена од Христијан Мицковски молчи, додека Богојевски продолжува да ја злоупотребува функцијата.


Дали владата намерно го одложува изборот на нов директор за да му овозможи на Богојевски да си ги искористи патувањата?

Дали средствата од Еразмус, наменети за развој и мобилност на млади луѓе, се претворија во лична туристичка агенда?

Граѓаните бараат одговори, Европската комисија предупреди – ако состојбите не се санираат, на ризик е целата програма во Македонија. А времето истекува.

Можете да прочитате

Албанците со повик за бојкот на Кока-кола: Без ниту едно албанско име на етикетите

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје – Тетово, на ГП „Табановце“ се чека половина час

ЦУК: Активни се шест пожари на територијата на земјата