Утрински Весник
Македонија

Богојески по инцидентот во Куманово: Да не се срамиме што сме Македонци. Да не се плашиме што сме гласни. Доста со двојните аршини

Bogojeski 780x470 1.png

„Навивачките скандирања во Куманово станаа државна тема. ОЈО отвори предмет, медиуми бескрајно рециклираат насловот „говор на омраза“, а некои дури бараат кривична одговорност“, пишува Петар Богојески од Македонски Концепт на својот фејсбук профил, чиј пост ви го пренесуваме во целост.

„А каде беше сета таа грижа кога:


• Балистите во Тетово развејуваа мапи на „Голема Албанија“ и скандираа „Смрт за Македонците“?

• Шверцери на стадионот во Чаир извикуваа „Нема Македонија – има Илирида!“?

• Во Гостивар и Тетово, македонски играчи беа понижувани со „Шкај од тука!“ и „Македонци во Бугарија!“?

… уште стотици вакви примери на “навивачко насилство” базирано на албански шовинизам.

Ниту ОЈО реагираше. Ниту надлежните ги казнија сериозно. Ниту една „граѓанска“ организација не крена глас. Тишина.

Ќе најдете тишина по скандалите со транспаренти во Тетово, додека за македонски навивачи има барање за кривична одговорност.

Слични навреди никогаш не завршија со кривични пријави против албанските навивачи, за разлика од последниот случај во Куманово, каде обвинителството веднаш реагираше за навредите насочени кон Албанци.

Денес, македонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

Ако навредите на една етничка заедница се гонат, тогаш МОРА да се гонат и сите други. Или – никој.

Македонските млади не се криминалци! Тие се гласот на една потценета генерација што уште верува во сопствената земја!

Македонците во Куманово беа испровоцирани од албанскиот етнички шовинизам! Од изјавите на Ахмети со потценување и навредувачки тон кон светиот празник Илинден! Тие не се насилници, ниту мразачи!

Да не се срамиме што сме Македонци. Да не се плашиме што сме гласни. Доста со двојните аршини!“, пишува тој.

Инаку во саботата во салата во Куманово, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и неговиот коалиционен партнер, Максим Димитриевски од ЗНАМ, можеа да се слушнат скандирања со пораки како „Добар Шиптар, мртов Шиптар“, „Гасна комора за Шиптари“ и „Чиста Македонија“.

Можете да прочитате

Нестабилно со дожд и грмежи, следните три дена пораст на дневната температура

Лазим Дестани: Во спортот нема простор за говор на омраза

„BioCosmos”: Фабриката „Мирана” не е зафатена, пожарот настанал од гром