Утрински Весник
Македонија

Богески нов директор на Архив, откако Котлар беше телефонски разрешена

Img 1270.jpeg

Од Државниот архив на Македонија истакнуваат дека денеска новиот директор м-р Димитар Богески, официјално ја презеде функцијата од неговата претходничка.

Како што велат оттаму, за директорот Богески оваа функција не претставува привилегија, туку обврска – со јасна цел работата на Архивот да биде транспарентна, отворена, отчетна и достапна за сите граѓани.


„Тој упати благодарност до досегашната директорка, за нејзиниот ангажман и придонес во изминатиот период. Архивот како институција зазема значајно место во нашата држава. Тој е чувар на историјата и идентитетот на Република Македонија, обезбедувајќи континуитет меѓу минатото, сегашноста и иднината.

Директорот Богески верува во заедничка и посветена работа, чија цел е Архивот да се издигне на повисоко ниво – како современа институција која ќе обезбеди дигитализација, поголема достапност на документите, зајакнување на научната и образовната улога, како и промоција на културното наследство пред домашната и меѓународната јавност. Државниот архив останува институција која ја гарантира меморијата на државата и ја гради довербата на граѓаните. Со нова енергија и визија, тој ќе продолжи да биде темел на знаењето и мост кон иднината“, велат од таму.

Богески доаѓа на местото на досегашната директорка Наташа Котлар која беше телефонски разрешена од функцијата

Можете да прочитате

Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“

Пожари во пехчевските села Чифлик и Црник

Филипче: Пратениците на СДСМ утре ќе поднесат предлог за надзорна расправа и Анкетна комисија за Кочани