Лондонскиот музеј на Викторија и Алберт (V&A) во четвртокот соопшти дека обезбедил архива на покојната музичка ѕвезда Дејвид Боуви за нацијата, набавувајќи повеќе од 80.000 предмети од неговата кариера кои ќе бидат достапни за јавноста од 2025 година.
Фановите на Боуви ќе добијат целосен увид во неговиот живот, работа и наследство откако музејот ја презеде обемната архива на ѕвездата, пренесуваат британските медиуми.
Колекцијата вклучува повеќе од 80.000 писма, текстови, фотографии, сценски дизајни, музички награди и костими.
Исто така, има неколку инструменти во сопственост на музичарот, вклучувајќи го и стилофонот што го свиреше на својот сингл Space Oddity од 1969 година.
Архивата ќе биде изложена во 2025 година во новосоздадениот простор во источен Лондон.
„Дејвид Боуви центарот за проучување сценски уметности, сместен во Олимпискиот парк на кралицата Елизабета, ќе обезбеди изворна книга за идните генерации фанови на Боуви “, рече Тристрам Хант, директор на V&A.