Утрински Весник
Македонија

Бочварски: Рехабилитиран транзитот низ Штип, дополнително потпишани договори за реконструкција на четири улици во градот

Бочварски: Рехабилитиран транзитот низ Штип, дополнително потпишани договори за реконструкција на четири улици во градот

Преку проектот за локални патишта обезбедивме дополнителни 30 милиони денари за реконструкција на три улици во општина Штип и дополнително изградба на уште една улица во населбата Света Недела, истакна министерот Благој Бочварски при денешната посета на општина Штип.

dobivaj vesti na viber

Потпишани се договори за реконструкција на улиците: „5 Конгрес“, „Солидарност” и улица „Браќа Даневи” инвестиција од 28,8 милиони денари. Исто така преку буџетот на Министерството за транспорт и врски во рамки на Декадата на Ромите, обезбедени се 1,1 милион денари за изградба на улица во населбата Света Недела.

Денешната посета на општина Штип заедно со директорот на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта Костадин Ацевски, ја искористија да извршат увид во рехабилитираниот транзит низ Штип, патен павец за кој Владата инвестираше 50 милиони денари.

„Преку 120 милиони денари Владата преку Министерството за транспорт и врски инвестира за подобрување на улиците во општина Штип. Завршивме комплетно со рехабилитација на транзитот на Штип и со тоа ја заокруживме комплетно целата патна инфраструктура во државна надлежност. Но денеска со задоволство сакам да ги информирам граѓаните на Штип дека ги потпишав договорите за реконструкција на три улици во населбата Автокоманда во Штип. Претходно инвестиравме 10 милиони денари за реконструкција на улицата Панче Караѓозов, исто така инвестиравме и 12 милиони денари за реконструкција на раскрсницата Сењак. Друга важна работа што сакам да најавам е изградбата на улицата број 1 во населбата Света Недела. Тоа е влогот на Владата и Министерството за транспорт за Штип и граѓаните на Штип, за подобрување на условите за живот, за урбаниот и економскиот развој на градот”, изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Директорот на ЈП за одржување на магистралните патишта Ацевски, најави дека претпријатието се подготвува за новата програма за следната година и реконструкција на најкритичните патни правци.

„Почнавме август, завршивме во септември. Ја завршивме комплетно реконструкција од околу 4 километри за што инвестиравме 50 милиони денари. Со тоа ја исцрпивме програмата за овој регион, а со ЈП за државни патишта веќе почнуваме да ја изготвуваме програмата за инвестиционо одржување за следната година, така што ќе бидат рехабилитирани сите критични правци”, истакна Костадин Ацевски, директор на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта.

Можете да прочитате

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини