Утрински Весник
Македонија

Бочварски: Подеднакво ги развиваме сите региони, инвестираме за подобри патишта во градовите и руралните места

20240301160124 Big 730x400 14.webp.webp

Го подигнавме на повиско ниво квалитетот на патиштата, а со тоа и ја зголемуваме безбедноста на сообраќајот во општините. Тоа е дел од нашата развојна стратегија на патната мрежа во земјава за која инвестираме преку две милијарди евра. Граѓаните заслужуваат да имаат подобри и модерни патишта кои исто време ќе бидат и во функција на бизнисот, истакна денеска министерот за транспорт и врски во техничката Влада, Благој Бочварски за време на работната посета на општина Гостивар.

Министерот Бочварски беше на увидот во активностите за обнова на локалниот пат од населеното место Здуње до Дебреше во општина Гостивар, а што се реализираат преку Министерството за транспорт и врски.

Патниот правец е во должина од 1, 2 километри, а инвестицијата е во висина од 18 милиони денари. Активностите се дел од проектот за подобрување на локалните патишта во општините, вкупна инвестиција од 70 милиони евра.

Во рамки на овој проект досега се опфатени преку 180 локални патишта и улици во преку 60 општини низ државата.

– Со реконструкција на овие улици и патишта во општините ги подобруваме условите за живеење на граѓаните, создавме услови за побезбеден сообраќај низ градовите и тоа што сметаме дека е исто така важно го зголемуваме локалниот економски развој на самите општини. Овој проект се покажа како исклучително добар од причина што голем дел од општините немаат доволно средства во своите буџети за вакви проекти. До средина на оваа година очекуваме да објавиме и тендери за реконструкција на уште педесетина улици во различни општини, изјави министерот Бочварски, со кого на увидот беа и техничкиот премиер Талат Џафери, заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми.

Претходно, тие извршија увид и во изградба на автопатската делница Гостивар-Букојчани, дел од пактетот на автопати што се градат во рамки на Коридорот 8 и 10 д.

Министерот за транспорт и врски, Бочварски изрази задоволство од динамиката на изградба и истакна дека Владата ги одобри инфраструктурни проекти за дел од трасите со што на изведувачот му се отвори широк фронт за работа.

-Со изградбата на околу 110 километри нови автопатски делници на Коридор 8 и Коридор 10-Д, преку овој проект даваме дополнителен стимул во домашната економија и градежништвото. Имаме одличен напредок досега. Владата веќе донесе одлуки за одобрување на инфраструктурните проекти на дел од трасите за Тетово – Гостивар – Букојчани и за Прилеп – Битола, што значи дека му отворивме голем фронт за работа на изведувачот. Изградбата на вакви крупни проекти не е лесна, на терен се појавуваат многу предизвици, но уверуваме дека сите максимално се вложуваме да ги постигнеме зацртаните цели на државата, а тоа е развојна, модерна и квалитетна патна мрежа, рече Бочварски.

Според изведувачот на проектот, досега се склучени повеќе од 360 договори со компании подизведувачи, а над 75 проценти од тие фирми се од Македонија.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме