Утрински Весник
Економија

Бочварски-Гир-Матуела: Во фокусот динамиката на реализација на инфраструктурните проекти

Бочварски-Гир-Матуела: Во фокусот динамиката на реализација на инфраструктурните проекти

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир и Михела Матуела, директорка за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за динамиката на реализација на инфраструктурните проекти, финансирани со поддршка на Европската Унија. Притоа, акцент се стави на проектите во патната и железничката инфраструктура, како важен сегмент во евроинтегративните процеси на земјата.

Бочварски ја потенцираше огромната важност на поддршката што Европската Унија ја овозможува на Република Северна Македонија за финансирање на капиталните проекти и нагласи дека евроинтеграцијата како стратешка политика на државата е врвен приоритет.

Република Северна Македонија останува посветена во реализација на Националната инфраструктурна стратегија преку реализација на крупни инфраструктурни проекти со кои се подобрува и развива целокупната инфраструктурна мрежа во државата, потенцираат надлежните.

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“