Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: Задоволство е да се биде на карневалот во Струмица, традиција која гради мостови со светот

432768199 122130108002169469 2406112361474039307 n.jpg

На покана од градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, присуствував на далеку познатиот Струмички карневал, македонска вековна традиција која гради мостови со Европа и светот, напиша на социјалните мрежи дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев

„Особено задоволство е да се проследи интернационалната карневалска поворка каде што различните култури се вмрежуваат и ги изразуваат вредностите кои сите нас не обединуваат. Музиката, шаренилото од бои, фигури и маски со најразлични мотиви, покажувајќи ја вечната борба меѓу доброто и злото, се само дел од атракцијата на карневалот.

Струмица е признаена како една од најдобрите во светот како дел од Асоцијацијата на европските карневалски градови, годинава одбележува јубилејни 30 години од приемот, за што упатувам честитки за овогодинешната организација и за влогот на струмичани во негувањето на традиционалните вредности“ напиша Бојмацалиев.

Можете да прочитате

Национален форум „Положбата и правата на жртвите на трговија со луѓе во кривичната постапка“

Честитка од претседателот на ДСВМ Никола Бабовски по повод 23-ти Мај Националниот ден на Власите

УКИМ одбележува 76 години од основањето и патрониот празник Денот на светите Кирил и Методиј – 24 Мај