Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: Со реконтрукцијата на објектот во МТВ обезбедуваме европски услови за работа

425689918 122119497530169469 1245563094288288788 N.jpg

Дополнителениот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на сцојалните мрежи вели дека реконструкцијата на управните служби во МТВ започната на 11 декември 2023 година е добра можност да се направи разлика на две времиња – време на субстандардни услови за работа на полицијата и време на европски услови за работа.

„Градежните зафати беа поделени на неколку фази со оглед на ситуацијата со обновувањето на личната документација на граѓаните, каде што во прва фаза беа опфатени два ката кои ги користи Министерството и тоа 5-от кат и 9-от кат. Во оваа фаза на овие два ката се работеа подополагачки работи, изолатерски работи, замена на плафон и молерофарбарски работи. Вкупната предвидена вредност на овие работи изнесува 10.017.251,17 денари без ДДВ и 11.820.356,38 денари со ДДВ.

Како втора фаза е планирано и во тек е отпочнување со работа во приземјето на зградата на МТВ каде што е и најголемиот зафат за адаптација на објектот.

Во оваа фаза се прави комплетна промена на ликот на управните служби каде најголем корисник се граѓаните. Овде се опфаќа целосна архитектура на приземјето, со комплетна промена на сите фази како што се, електрика, термотехника, термотехника со сплит системи, термотехника VRF и хидротехника.

Вкупната предвидена вредност на целата фаза изнесува 75.193.982,93денари без ДДВ и 88.728.899,86денари со ДДВ.

И како последна трета фаза, каде што во моментов имаме најмногу гужва е во делот на издавањето на лични документи. Во оваа фаза се работи на подополагачки работи, гипскартонски работи, изолатерски работи, промена на плафони, молерофарбарски работи и столарија со вкупно предвидена вредност од 3.731.917,66 денари без ДДВ и 4.403.662,83 денари со ДДВ.

Целокупната вредност на рамковната спогодба изнесува 88.943.151,75 денари без ДДВ или 104.952.919,07 денари со ДДВ.

Ова не е само физичка реконструкција на објектот во насока на модернизација на работните простории и подобрување на условите за прием на граѓани; тоа е реафирмација на нашата посветеност кон создавање на безбедна и подобра заедница за сите. МТВ е лицето на МВР пред граѓаните и токму оваа реконструкција е симбол на нашата ангажираност да работиме во услуга на граѓаните, со цел да ја зголемиме нивната безбедност и да им овозможиме квалитетен сервис каков што тие заслужуваат“ пишува Бојмацалиев

Можете да прочитате

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

Мицкоски: Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција

Филипче: Следува нов почеток и пресвртница во делувањето на СДСМ