Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: Недозволиво е граѓаните да платат и готовите пасоши да не им се издадат, внатрешна контрола го истражува случајот

Fcc69484 5328 45cc 927d A366447680bd Scaled.jpg

Во изјава за ТВ24, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше запрашан за тоа зошто не се издаваат веќе готовите пасоши на граѓаните.

Бојмацалиев рече дека во текот на вчерашниот ден поднел барање до Внатрешна контрола при МВР да го истражат случајот, при што утрово Одделот за внатрешна контрола е влезен во управните служби и постапува.

„Истрагата предвидува да се провери дали целата процедура е запазена, ако не е, во кој сегмент не е запазена и да се утврдат, условно кажано, виновниците, каде затаила целата постапка”, истакна Бојмацалиев, додавајќи дека обрасци има и се печатат по 3.000 пасоши дневно.

Можете да прочитате

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава

СДСМ: Божиновска и Мицкоски да кажат каде се 1 милион евра?