Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Бојмацалиев: МВР има капацитет да спроведе мирни претседателски и парламентарни избори

Bo macaliev scaled.jpeg
300x250 opst2

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, во интервју за Локално.мк на прашање за тоа каков изборен процес очекува, потенцираше дека МВР има капацитет да спроведе мирни претседателски и парламентарни избори.
-Апсолутно. На почетокот од мандатот истакнав дека спроведувањето на европски избори е одраз на нашата зрелост како демократско општество. За мене и мојот тим тоа е доказ за нашата посветеност кон демократските вредности и нашиот напредок кон Европската Унија.  Затоа, сите наши напори се фокусирани кон спроведување на фер, слободни и демократски избори, по европски терк. Очекувам и работиме кон тоа, изборниот процес да биде транспарентен, фер и демократски, со целосно почитување на правата и слободите на граѓаните. Министерството за внатрешни работи е цврсто посветено на гарантирање на безбедна и мирна атмосфера за одржување на претседателските и парламентарните избори, рече Бојмацалиев, додавајќи дека соработката со сите релевантни институции е од врвен приоритет.
-Соработката со Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупцијата, домашните и меѓународните набљудувачи, и другите институции вклучени во изборниот процес е клучна и ќе продолжиме да работиме во координација со нив за да гарантираме дека сите аспекти на изборниот процес се спроведуваат во согласност со законот и демократските стандарди.
Со организацијата на локалните избори во 2017 и 2021 година, референдумот во 2018 година, претседателските избори во 2019 година, и парламентарните избори во 2020 година беа поставени стандарди кои целиме да ги надминеме. Секако, ова го потврдувам и на средбите со амбасадорите кои ги одржувам во Министерството за внатрешни работи”, истакна Бојмацалиев, со уверување дека со одговорна и професионална работа, Министерството за внатрешни работи е способно да обезбеди услови за мирно и непречено одвивање на изборниот процес.
Нашата главна цел е да овозможиме сите граѓани да го искористат своето право на гласање без страв и притисоци, без говор на омраза, лажни вести и дезинформации и секако вработените да не подлегнуваат на уцени и притисоци, подвлече Бојмацалиев.

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму