Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: МВР е во топ 3 институции по доверба и транспарентност

E056f00f Cd29 4f83 9438 B7b87d9bf579.jpg

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју за Прес24 беше запрашан за функционирањето на МВР во техничка Влада.

„Техничката влада има примарен мандат и обврска да обезбеди одржување на фер и демократски избори каква што и доликуваат на демократска земја, членка на НАТО, земка која го помина и скринингот за почеток на преговорите и чека да го започне својот европски пат. Секако тука се подразбира и редовното функционирање на институцијата која е задолжена примарно да ја обезбеди безбедноста и сигурноста на сите граѓани и целото општество и МВР од 2017 наваму па и во техничката влада го испорачува тоа. МВР помина низ трансформативен период за институцијата преку професионализација, декриминализација и деполитизација и многу е вложено и многу пати објаснувано што се е направено за МВР да стане „МВР за граѓаните” институција со доверба од над 65% од граѓаните, во топ три по транспарентност и рејтинг”, потенцираше Бојмацалиев, додавајќи дека одлуките во МВР се носат врз основа на законските обврски.

„Како функционери сме тука на сите потреби на граѓаните бидејќи тие се оние кои не плаќаат и очекуваат да ги вршиме услугите и задачите кои се пропишани со делокругот на нашите обврски. МВР функционира реформирано и насочено кон потребите на граѓаните. Ќе биде гарант на одржување на фер и демократски избори. Одлуките во МВР и овој период на техничка влада се носат во рамките на законските обврски и во полза на граѓаните и веуваме ќе продолжи до завршување на мандатот на техничката влада”, истакна Бојмацалиев.

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош