Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: Им ја поништив лажната вест дека некој опструира во МВР

Bo Macaliev Mitko Scaled.jpg

„Граѓаните како изминатите години и овие наредни месеци и во техничка влада можат да очекуваат организираност, посветеност во работата од страна на македонската полиција и службениците во управните служби. Тоа не го говорам само за политички маркетинг, туку дека бројките и фактите се на наша страна. Ниту јас, ниту партијата од која доаѓам се занимава со лажни вести, со пумпање на балони, со создавање криза, дека имало некаков хаос, да ги доведуваме граѓаните во некаква заблуда и да направиме ситуација во која ќе кажеме дека системот не функционира. Напротив, и изминатите години и сега и натаму системот ќе функционира бидејќи направивме систем каде што изминатите години го растуривме системот ВМРО-МВРО, сега има систем на професионалници кои си ја сакаат полицијата, си ја сакаат државата и работат само во интерес на граѓаните“ изјави дополнителниот заменик министер во Министерството за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во емисија на ТВ Стар.

„Колку и да сакаат да продаваат приказна, реалноста е таа. Може да ме критикуваат колку сакаат дека сум бил на ГП Богородица да ги пречекам обрасците. Сакав да им ја поништам тезата дека нема обрасци и дека некој ги опструира. Тоа беше главната причина. Јас сум среќен што успеав во тоа, таа лажна вест повеќе ја нема во етерот. Вие сте новинар, проверете, дали некаде некој зборува дека нема обрасци сега? Јас сум среќен што успеав да ја поништам таа вест, може да ме критикуваат колку сакаат, нема да ме обесхрабри во борбата против лажните вести и да ја кажуват вистината со факти така како што е. Бидејќи, нашиот народ заслужува да ја знае вистината. Не со дневно политички ПР агенции денес ќе лажеме ова, утре тоа, граѓаните ќе ги доведемe до конфузија, и ќе ќариме политички поени, некој глас, а кога ќе дојдеме на одредена позиција, ќе си земаме платичка со Северна Македонија, ќе потпишуваме документи со Северна Македонија”, рече Бојмацалиев.

Можете да прочитате

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

Филипче: Заев и Ковачевски ја жртвуваа политичката кариера за денес да бидеме членка на НАТО и да почнеме преговори со ЕУ

1,95% ќе биде каматата за стопанството со 3 години грејс период и 15 години рок на отплата, рече Мицкоски