Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: Дијаспората да ги искористи и базните станици во ДКП-ата на Северна Македонија

3221.jpg

Упатувам повик до македонската дијаспора, освен патниот лист кој е бесплатен, имаат можност да ги искористат и базните станици во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, објави на социјалните мрежи Митко Бојмацалиев дополниртелен заменик министер за вантрешни работи

Проектот за поднесување барања за издавање на патни исправи преку дипломатско-конзуларните преставништва е отпочнат 01.10.2021 година и до 09.02.2024 година вкупно 47.726 граѓани ја имаат искористено оваа можност да извадат патна исправа преку ДКП-та.

Моментално барања за издавање на патни исправи се поднесува во вкупно 25 дипломатски преставништа и тоа: Љубљана, Лондон, Берн, Берлин, Бон, Минхен, Виена, Њујорк, Чикаго, Венеција, Рим, Малта, Стокхолм, Копенхаген, Пекинг, Малме, Абу Даби, Осло, Брисел, Хаг, Париз, Торонто, Детроит, Мелбурн и Канбера.

Целокупниот процес – од поднесување на барање до изготвување на патните исправи трае од 15 до 30 дена, што е сериозно кратење на времетраењето на процедурите, ако се земе предвид дека досегашната постапка траеше од четири до пет месеци, со големи трошоци за граѓаните.

Оваа иницијатива е на поранешниот министер Oliver Spasovski и раководството на МВР од 2018 година, со инвестиција од 150.000 евра, а истата финишираше на крајот од 2021 година, решавајќи го деценискиот проблем што го имаше нашата дијаспора, напиша на социјалните мрежи дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Можете да прочитате

СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани