Утрински Весник
Економија

Бојковска: Со буџетот за 2025 се предвидува милијарда денари за вложување во опрема и машини и вложување во јавната безбедност

Dragana.png

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Драгана Бојковска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на Комисијата за финансирање и буџет, истакна дека до сега не било доволно вложувано за опрема и машини, како и за јавната безбедност во МВР.

„Дали цените дека со претходниот буџет којшто сте го имале, сте вложиле доволно за вложување во опрема и машини и јавната безбедност, бидејќи секој втор граѓанин по анализите и по мерење на истражувања на мислење на граѓаните, кажува дека граѓаните не се чувствуваат безбедно”, нагласи Бојковска.

Пратеничката говорејќи за Предлог-буџетот за 2025 истакна дека конкретно за оваа ставка за вложувањата, во Буџетот се предвидува зголемување од 167% или над милијарда денари.

„Ценам дека треба нашата тенденција да се сведе кон што е можно поголеми вложувања во овој сектор. Особено кога се работи за безбедноста на граѓаните и особено кога се работи во вложување на капацитетите во МВР и оваа тендеција треба да продолжи”, заклучи таа.

Можете да прочитате

Средба на гувернерот Славески со амбасадорката на Јапонија во земјава, Кавахара Сецуко

Девизните резерви на крајот на август 4,75 милијарди евра

СДСМ: Инфлација од 4,4% беснее и во август, власта не носи ниту една мерка