Утрински Весник
Македонија

Бојковска: Корупцијата е проблем број 1 кај младите, заеднички да работиме на искоренување на истата

Dragana Bojkovska 16.02.2025.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

„Јас сметам дека со многу работа и со многу желба, но и со стратегија пред се можеме да направиме напредок во ова и да го спречиме иселувањето на некој начин”, истакна Драгана Бојковска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Детектор” на Сител.


Таа истакна дека иселување имало и ќе има, меѓутоа овој пат за разлика од порано, Владата има мерки и решенија за да го намали иселувањето на младите.

„Само системски план и системско решение може да допринесе за подобрување на ова поле, а тоа е да го спречиме егзодусот на младите луѓе да заминуваат во некоја од странските држави”, појасни Бојковска.

Пратеничката додаде дека проблемот во иселувањето кај младите е и корупцијата.

„Број 1 проблем кај младите за живеењето во Македонија секој пат била корупцијата и мораме да најдеме сите заедно начин како да ја искорениме”, заклучи Бојковска.

Можете да прочитате

Полициското одделение во зградата на МРТВ утре нема да работи

Затворениците во затворот во Струга започнаа штрајк поради укинувањето на викендите што им следуваат

Јованов возел цик-цак, поминал на две полни ленти – Обвинителот рече дека ќе докаже дека делото е со умисла