Утрински Весник
Магазин

Бојата на јазикот може да предупреди на рак или дијабетес, тврдат научниците од Харвард

5235441 Shutterstock 1118975408 Ls.jpg

Нашиот јазик може да открие многу за нашето здравје. Од боја до текстура, изгледот на јазикот може да даде индиции за тоа што се случува во телото. Ова го потврдија и научници од Харвард. Во истражувањето заклучиле дека јазикот треба да има кружен и симетричен изглед.

Истражувачите велат дека кафеав, црн, бел, црвен јазик или јазик со рани се предупредувачки знак за можни здравствени проблеми. Тие објаснија на какви здравствени проблеми може да укажуваат овие бои на јазикот.

Кафеав или црн: „Кефавиот или црниот јазик укажува на состојба наречена „црн влакнест јазик“, која се јавува кога папилите стануваат премногу големи. Обично, овие мали испакнатини немаат многу простор да растат, но ако имаат, тие можат да заробуваат бактерии и обоени мешавини на храна, оставајќи кафена или црна нијанса“, велат истражувачите. Ова може да биде предизвикано од пушење, земање антибиотици, сува уста, пиење премногу кафе или чај и лоша орална хигиена.

Црвен: Ова може да значи дека имаме недостаток на Б12 или болно грло.

Бели дамки или рани: Бели дамки или рани на јазикот се знак за прекумерен раст на габи, открија научниците од Харвард. Тоа може да биде предизвикано од состојби како што се дијабетес, СИДА, земање антибиотици, третман на рак, носење протези, пушење или сува уста. Во тешки случаи, раните може да бидат знак за рак на устата. Слично е ако станат жолти, црвени и болни.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста