Утрински Весник
Македонија

„БМВ“ „Ауди“ „Мерцедес“ еве колку и какви автомобили запленија Царина и МВР

432453931 798155862126537 7365797784859164622 N.jpg

Во дводневна заедничка акција на Секторот за контрола и истраги при Царинска управа и Министерството за внатрешни работи запленети се 22 патнички моторни возила со странски регистарски таблици управувани од македонски државјани, информираат од македонската царина.

Меѓу запленетите возила има различни марки и модели, како четири автомобили Мерцедес, три автобомили Ауди, два автомобили БМВ, еден автомобил Тесла…

„Сите возила биле управувани од македонски државјани на територија на Република Северна Македонија повеќе од 6 месеци. Против сторителите на прекршоците ќе биде поднесено Барање за поведување прекршочна постапката до надлежниот суд. Имено, во согласност со законските надлежности на Царинската управа, кои се во согласност со критериумите и условите пропишани во Истанбулската конвенција за привремен увоз, одредби од Царинскиот закон и одредби од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон, граѓаните на РСМ и странците можат привремено да внесат и да управуваат возило на територијата на Република Северна Македонија за време на нивниот престој, но, најмногу 6 месеци во период од 12 месеци, по што возилото мора да ја напушти територијата на Република Северна Македонија“ се вели во соопштението од Царинската управа.

➡Во спротивно ќе треба да се пријават на најблиската царинска испостава во местото каде привремено престојуваат и да започнат соодветна цари

Можете да прочитате

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца