Утрински Весник
Свет

„Блумберг“: Украина и САД разговараа за прекин на огнот во Црното Море и за нападите врз инфраструктурата

20 2.jpg

Украинските и американските тимови одржуваат уште една рунда разговори во Ријад за да разговараат за прекин на огнот во Црното Море и 30-дневен прекин на нападите врз енергетската инфраструктура, изјави за „Блумберг“ лице запознаено со разговорите.

Американска делегација разговараше со руските колеги во понеделникот повеќе од 12 часа за истите прашања по состанокот со Украинците во неделата, според американскиот медиум.


Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до јавноста најави дека делегациите од Украина и САД треба да се сретнат денеска во Саудиска Арабија откако претходниот ден се одржаа разговори меѓу руски и американски претставници за ограничен прекин на огнот во Црното Море.

Разговорите во Саудиска Арабија во понеделникот меѓу руски и американски претставници се сметаа за чекор во напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да стави крај на тригодишната војна, објави „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Португалија воведува родителска согласност за тинејџери на социјални мрежи

Претрес во Европската комисија: Белгиската полиција проверува продажба на имот вреден 900 милиони евра

Орбан до Зеленски: Членството во ЕУ не се добива со ултиматуми