Утрински Весник
Економија

Блок 1 на РЕК Битола повторно ставен во функција, следната недела ќе биде исклучен вториот блок

ЕСМ: Блок 1 на РЕК Битола утрово вратен на мрежа

Блок 1 на РЕК Битола од вчера попладне е повторно ставен во функција. Постројката беше синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем во 17:43 часот и испорачува електрична енергија.

dobivaj vesti na viber

„Блокот беше плански исклучен од мрежа заради повеќе интервенции на различни позиции со цел зголемување на стабилноста на постројката. Минатата година, за разлика од претходно, не се извршија класични ремонти на блоковите во летниот период кои предвидуваат запирање на производството од најмалку еден месец заради актуелната енергетска криза во која се наоѓа државата. Наместо тоа, се интервенира на позиции утврдени од стручни лица во комбинатот кога ќе се укаже можност за тоа или кога е неопходно заради зачувување на стабилноста на постројките“, велат од ЕСМ.

Согласно планот за производство на АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола, во текот на следната недела ќе биде исклучен Блок 2 на РЕК Битола. Ќе се реализираат активности за нега и санација на постројката кои планирано е да траат десетина дена.

Можете да прочитате

Димитријевиќ: Власта нема допир со реалноста како живее едно семејство, одбива да ги покачи платите

Мицкоски: 63-64 македонски проиводи ќе се извезуваат во САД по тафифи од 0 до 6,5 проценти

Средба Славески – Варнс: Стабилниот финансиски систем и модерните платни решенија се основа за инвестиции и економски раст