Утрински Весник
Економија

Близу 500 граѓани на Србија и само еден од Албанија се вработиле во Македонија преку Отворен Балкан

Screenshot 2024 05 14 131142.png

Измина една година од потпишувањето на важните протоколи за слободен пристап до пазарот на труд и поврзување на системите за електронска идентификација на граѓаните на Македонија, Србија и Албанија, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“.

Тоа значи слободен пристап до вработување во Македонија за државјани на Република Албанија и Република Србија, како и вработување на граѓани од Македонија во тие две земји.


Во Агенцијата за вработување прашавме колку државјани на Србија и Албанија ја искористиле можноста за вработување.

Оттаму добивме одговор дека во последните 12 месеци Агенцијата за Вработување на Република Северна Македонија има издадено 492 сертификати за државјани од Србија и Албанија.

„491 сертификат се издадени за  државјани од Србија. 1 сертификат е издаден за државјани од Албанија“ велат од АВРМ.

АВРСМ нема податоци колку македонски државјани добиле сертификат во Р.Албанија и Р.Србија, додаваат оттаму.

Можете да прочитате

„Црн петок за маркетите“ – повик за нов бојкот

Додека се наполни потрошувачката кошничка, ќе „испари“ зголемувањето на минималната плата

Комерцијална банка испишува историја: Рекордна дивиденда од 1.250 денари по акција!