Утрински Весник
Свет

Блискиот исток, Украина и Трамп се на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7

G7.webp.webp

Блискиот исток, Украина и изборот на Доналд Трамп – тоа ќе бидат водечките теми на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Г-7 во италијанскиот град Фjуџи, на околу 80 километри од Рим, јави ДПА.

Средбата ќе трае два дена и тоа е последната од министрите за надворешни работи на земјите од Г-7 за оваа година, во која Италија е ротирачки претседавач со Г7.

Војните на Блискиот Исток и Украина и какво влијание ќе има изборот на Доналд Трамп за претседател на САД – ќе бидат меѓу прашањата за кои ќе се разговара. Во петокот, италијанската премиерка Џорџа Мелони рече дека ќе се разговара и за неодамнешната потерница за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху издадена од Меѓународниот кривичен суд во Хаг за наводни воени злосторства во Појасот Газа.

Во Индо-Пацификот, Тајван вели дека е загрозен од Кина, а тоа би можело да биде на дневен ред и на денешниот состанок на Фјуџи.

Следната година, ротирачкото претседателство со Г-7 го презема Канада. 

Можете да прочитате

Најмалку едно лице загина, петмина се повредени во рускиот напад врз Киев

Израел нападна болница во Газа, хирург меѓу загинатите

Украинците погодија моќен руски воен брод