Утрински Весник
Свет

Блинкен: Путин ја почна оваа нелегална војна и има моќ да ја прекине

Блинкен: Путин ја почна оваа нелегална војна и има моќ да ја прекине

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ја почна оваа нелегална војна и има моќ да ја прекине, изјави американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, по повод денешната годишнина од руската инвазија на Украина.

dobivaj vesti na viber

„САД цврсто стојат со Украина додека се бранат и ние ќе продолжиме да го правиме тоа додека не се почитува суверенитетот на Украина и додека народот на Украина не може сам да одлучи за својата демократска иднина во слобода и мир“, рече Блинкен.

Според Радио Слободна Европа, тој потсети дека Путин пред една година нареди целосна инвазија на Украина по неколкумесечна измама зашто Русија собира огромен број војници на украинската граница.

„Оваа одлука на претседателот Путин распарчи семејства, расели милиони, уништи домови, училишта, болници и друга цивилна инфраструктура, ја влоши глобалната криза со храна, ги дестабилизира енергетските пазари и го поткопа меѓународниот мир и безбедност“, рече Блинкен.

Тој додаде дека оваа војна го уништила меѓународниот углед на Русија, ја оставила Русија ослабена и изолирана и ја десеткувала нејзината економија.

„Нескротливата волја на Украина го собра светот за нејзината кауза, со луѓе со совест од целиот свет обединети зад Украина“, рече Блинкен.

Можете да прочитате

Кобахидзе: Во Грузија нема да се повтори сценариото на украинскиот „Мајдан“

Во Грузија уапсени над 100 демонстранти

Бунтовниците контролираат половина од градот Алепо