Утрински Весник
Спорт

Блес Матуиди стави крај на кариерата

Блес Матуиди стави крај на кариерата

Францускиот фудбалер за врска, Блес Матуиди, објави дека става крај на својата фудбалска кариера. Тоа го направи преку објава на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

„Многу го сакав фудбалот. Ми даде толку многу, но време е да се откажам. Ги исполнив и моите детски соништа и оние како маж. Со стегнато грло, но и со гордост денеска ја вртам оваа страница“, напиша Матуиди на својата фотографија од Светското првенство што го освои со Франција во 2018 година.

35-годишниот играч од средниот ред последен пат играше за американскиот Интер Мајами, а во кариерата настапуваше и за Троа, Сент Етјен, Пари Сен Жермен и Јувентус.

За репрезентацијата на Франција има 84 настапи со девет гола. На клупско ниво, Матуиди одигра 699 ​​натпревари, на кои забележа 50 гола и 44 асистенции. Освен со светска титула, тој може да се пофали со пет титули на Франција, три Купа на Франција, четири Лига купови на Франција, пет Суперкупа на Франција, три Купа на Италија, еден Куп на Италија и еден Суперкуп на Италија.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина