
Во знак на благодарност за грижата, професионалноста и човечноста, покажани при згрижување на македонски граѓани, вршителот на должноста амбасадор Љуфтим Спахиу и врачи благодарница на Едлира Боде директорка на Универзитетската болница за трауматологија во Тирана.
На средбата, на која присуствуваше и Радмила Стојмировска, прв секретар во амбасадата, Спахиу, во име на македонските граѓани, изрази благодарност за континуираната помош, што оваа Универзитетска болница, им ја дава на македонските граѓани во итни случаи, ценејќи ја професионалноста, хуманоста и непоколебливата посветеност на медицинскиот персонал.
„Средба дополнително го зајакнува духот на соработка меѓу двете земји во областа на здравството и ја демонстрира суштинската улога, што, болницата ја игра во обезбедувањето квалитетна здравствена заштита на секој граѓанин кој има потреба, без разлика на неговото потекло“, рече Спахиу.
Како што, додаде за МИА, во оваа болница хоспитализирани биле македонски граѓани, по сообраќајни несреќи, како и при неопходна потреба од лекарска помош во оваа установа, во време кога биле на летување.
„Посебно сакам да ја нагласам и одговорноста на директорката и вработените, кои на нивна иницијатива, редовно не информираа за секој случај, текот на лекувањето, како и можноста да ги посетиме и да поразговараме со нашите пациенти“, додаде тој за МИА.
За настанот, кој е оценет како „посебна чест, поттик за продолжување со ангажираноста во заштита на здравјето на секого и признание за меѓунституционалната соработка“ објави и болницата.
Низ албанските патишта, посебно во летниот период, минатата година регистрирани се најмалку 10 сообраќајки во кои учествувале македонски државјани, во кои едно лице, по здобиените тешки повреди и третирањето во Универзитетската болница за трауматологија во Тирана, за жал починало, додека повеќе се здобиле со потешки и полесни повреди, дел од нив исто така третирани во оваа болница.