Утрински Весник
Македонија

Благодарни сме на Грција за цврстата и принципиелна поддршка, му рече Османи на Герапетритис

Благодарни сме на Грција за цврстата и принципиелна поддршка, му рече Османи на Герапетритис

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари телефонски разговор со новоименуваниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис.

dobivaj vesti na viber

Честитајќи му за именувањето на новата позиција, Османи изрази уверување дека и за време на неговиот мандат ќе продолжи стратешкото партнерство и плодната соработка со Грција, заснована на пријателство, меѓусебна доверба и разбирање.

Во фокус на разговорот беше билатералната соработка, при што беа реафирмирани заедничките заложби за унапредување на блиската соработка и одржувањето на позитивната динамика во односите и севкупната размена.

“Благодарни сме на Грција за цврстата и принципиелна поддршка за пристапниот процес за членство на нашата држава во Европската унија“, нагласи Османи, пренесувајќи ја убеденоста дека поддршката нема да недостига и во наредниот период, се до целосно и успешно завршување на европскиот интегративен процес.

Министрите разговараа и за најактуелните регионални и меѓународни теми, како и соработката во рамките на и ОБСЕ и Процесот за соработка во Југоисточна Европа, со кои претседава Северна Македонија.

Можете да прочитате

Поради обилни врнежи од дожд повторно надојде Калковска Река, сообраќајот е пренасочен

Еден ѕид кај Детската клиника од 2022 стои опасно, никој не мрда прст!

Викендов променливо облачно време, на повисоките места слаб снег