Утрински Весник
Економија

„БИЗНИС ЛИДЕР“ ГИ НАГРАДИ ТИТАНИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА: ВТОРО ИЗДАНИЕ НА НАЈПРЕСТИЖНИОТ БИЗНИС НАСТАН

Biznis lider gi nagradi titanite na makedonskata ekonomija vtoro izdanie na najprestizhniot biznis nastan 01.jpg
Dik 300x250 mk

Со гламурозна церемонија, вчеравечер во хотел „Александар Палас“ се одржа второто издание на престижните награди „Бизнис Лидер“. Настанот, организиран од Евентика и Бизнис Мрежа, со ексклузивно партнерство на Халкбанк АД Скопје, го потврди својот статус како најзначајна платформа за препознавање на економскиот успех во државата.

На церемонијата беа собрани повеќе од 300 најуспешни претприемачи, директори и визионери од над 30 индустрии. Според анализите, компаниите кои беа дел од оваа елитна вечер колективно создаваат над 2 милијарди евра приходи, генерираат над 200 милиони евра добивка и обезбедуваат работа за повеќе од 20.000 луѓе во земјата, што јасно ја дефинира нивната клучна улога во македонската економија.


Организаторите на проектот во своите воведни обраќања ја нагласија храброста и одговорноста на македонските лидери во услови на глобална неизвесност. Владимир Ристевски, извршен директор на Евентика и организатор на проектот, истакна дека ова издание е прослава на визијата и издржливоста на домашните компании: „Оваа вечер е прослава на храброста. Оваа сала е полна со луѓе кои знаат дека лидерството не е титула, туку одговорност да се создаваат подобри места за работа, да се инвестира во луѓето и да се гради стабилна економија за идните генерации.“

Огнен Огненоски, извршен директор на „Таргет Груп“ и основач на платформата „Бизнис Мрежа“, ја потенцираше колективната економска моќ на присутните: „Вечерва, во оваа сала, се наоѓа срцето на македонската економија. Овие компании заедно создаваат над 2 милијарди евра приходи и обезбедуваат работа за над 20.000 луѓе во Македонија.“

На настанот се обрати и г-дин Фатих Шахбаз, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје, ексклузивен и генерален партнер на настанот. Тој ја нагласи стратешката поддршка што банката ја дава на бизнис заедницата: „Халкбанк ќе продолжи да биде партнер на македонската економија кој ги поттикнува иновациите, создава услови за нови инвестиции и гради силна деловна култура. Веруваме дека на овој начин не само што ја зајакнуваме нашата позиција, туку и придонесуваме кон развојот на целата заедница.“

Наградите „Бизнис Лидер“ се доделуваат според строго определени финансиски критериуми: вкупни приходи, остварена добивка и просечен број на вработени, со цел да се препознаат компаниите кои постигнале највисоки и најстабилни резултати во изминатата деловна година. Во централниот дел на вечерта беа објавени имињата на 14-те компании кои ја добија титулата апсолутен „Бизнис Лидер“, признание за оние кои доминираа во своите категории, освојувајќи го првото место по сите три критериуми.

Оваа економска елита ја предводат производствените гиганти: АЛКАЛОИД АД (производство на фармацевтски препарати), ПИВАРА СКОПЈЕ (безалкохолни пијалаци и вода) и металуршкиот столб МАКСТИЛ (производство на метали). Во прехранбената индустрија триумфираа МЛЕКАРА АД БИТОЛА и винарската визба ТИКВЕШ, додека лидер во производството на пиво е ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА. Листата на апсолутни шампиони, кои претставуваат синоним за стабилност, ја надополнуваат АЏИБАДЕМ СИСТИНА СКОПЈЕ (болнички дејности), НЈСК ХОЛДИНГ (основни фармацевтски производи), логистичкиот титан ФЕРШПЕД (помошни дејности во транспортот), финансискиот лидер ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ (финансиски лизинг), безбедносниот гигант НИКОБ (приватна заштита), како и МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ (вадење декоративен камен), ДМ ДРОГЕРИЕ МАРКТ (трговија на мало со козметички препарати) и МОТОЦЕНТАР (трговија на големо со делови за моторни возила).

Признанија добија и секторските лидери кои оствариле најдобри резултати во своите дејности по еден или два од клучните критериуми. Во трговијата на мало со фармацевтски производи, наградата за највисоки приходи ја освои ЗЕГИН ФАРМ, додека за најголема добивка и најброен тим е призната МОЈА АПТЕКА. Во трговијата на големо со производи од тутун, лидерството во добивката го држи ФИЛИП МОРИС ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПРИЛЕП, а за највисоки приходи е наградена компанијата ЕКСПАНДА. Секторот дејности за посредување во товарниот транспорт слави тројца шампиони: за највисока добивка е призната СТАРКОН ШИПИНГ, за најголеми приходи КИНЕ И НАГЕЛ, а за најголем просечен број на вработени КВЕНБЕРГЕР ЛОГИСТИК. Во производството на апарати за дистрибуција и контрола на електрична енергија, доминацијата ја делат РАДЕ КОНЧАР-ТЕП со највисоки приходи и добивка, додека РАДЕ КОНЧАР-КОНТАКТОРИ И РЕЛЕИ е лидер по број на вработени. Во „најслатките“ категории, во трговијата на големо со кафе, чај, какао и зачини, апсолутна доминација во приходите и бројот на вработени бележи АТЛАНТИЦ ГРАНД, додека за највисока добивка е наградена ЛЕАКОМ-МАРИСОН. Во трговијата на големо со шеќер, чоколада и слатки од шеќер, за највисоки приходи триумфираше АТЛАНТИЦ ТРАДЕ, а АЛМА-М е шампион по добивка и број на вработени. Конечно, во производството на останата опрема за транспорт, лидер по приходи и број на вработени е компанијата ВАБТЕК.

Еден од најемотивните моменти на вечерта беше доделувањето на постхумното признание на Душко Чифлиганец, за неговото визионерство, лидерство и човечност кои засекогаш ќе ја инспирираат македонската бизнис заедница. Во тивка и достоинствена атмосфера, публиката со едноминутен аплауз му оддаде почит на човекот кој остави неизбришлива трага во градежништвото и општеството. Ова признание беше потсетник дека вистинското лидерство не се мери само со бројки и резултати, туку со вредностите, делата и трајната светлина што еден човек ја остава зад себе.

Во духот на поддршката на новата генерација претприемачи, специјално признание за исклучителен придонес во развојот на стартап еко-системот во Македонија и за препознаено движење во регионот, доби STARTUP CLUB SKOPJE. Ова признание ја истакнува стратешката посветеност на платформата „Бизнис Лидер“ кон иновациите како клучни двигатели на идниот економски раст.

Најгламурозниот настан беше вистински празник за сите сетила, проследен со елегантното водство на Јана Серафимова и хумористичниот тон на Сашко Коцев. Вечерта кулминираше со спектакуларната уметничка експлозија – ексклузивното кабаре шоу од Белград. Врвните уметници ја трансформираа сцената со динамични, сензуални и кореографски беспрекорни перформанси, создавајќи незаборавен спектакл кој ги воодушеви присутните и внесе светски сјај на церемонијата. Музичкиот дел го надополни прекрасната Викторија Лоба, една од најпрепознатливите поп-изведувачи во земјата, која со својот моќен вокален настап и сценска енергија даде посебен печат на гламурозната атмосфера на вечерта.

Можете да прочитате

Просечната нето плата во август 45 310 денари

УЈП направи техничка надградба на нејзините електронски системи

Мицкоски: Потпишавме Меморандум за разбирање со „Бурсток“, која ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари